Сè започна со една Седмица.
Седмица го добива своето име по датата кога за првпат започнува со работа — 7 септември 1987 година.
Од првобитниот мал и скромен објект, Fast Food 7 прерасна во препознатлив домашен бренд, со свое централно производство и дистрибуција до објектите низ градот.
Со постојано усовршување на производите и збогатување на понудата, Седмица стана препознатливо обележје на Скопје.
Иако менито со текот на годините се збогатува со нови производи, брендот останува препознатлив по плескавицата и неповторливиот вкус на мајонезот.

